Одложена е премиерата: Новиот VW Golf во продажба од февруари

ОБЈАВЕНО НА:

Иако беше најавена за оваа година, проблемите со одредени компоненти ја одложи премиерата на осмата генерација на Golf. Сега и официјално сагата заврши откако е потврдено дека во продажба овој модел доаѓа во февруари следната година.

Шефот на VW Јирген Штакман за време на саемот за автомобили во Шангај изјави дека осмата генерација ќе стигне во деветата недела следната година, а тоа значи дека на пазарот ќе се појави на 24 февруари, најпрво во Германија, а потоа и во останатите земји од Европа.

Саемскат премиера пак, се очекува да се случи во септември, во рамките на саемот за автомобили во Франкфурт каде ќе дебитираат и неколку нови модели од ID семејството.

Од претходно објавените шпиунски фотографии, не се очекува многу револуционерни измени во екстериерот. Како и да е, заедно со осмата генерација пристигнува и електричната изведба која ќе се појави во текот на 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK