Одложен и саемот за автомобили во Чикаго

ОБЈАВЕНО НА:

Уште еден саем за автомобили кој требаше да се одржи на американска територија е одложен. Иако требаше да се одржи на 11 февруари следната година, организаторите на саемот во Чикаго го одложија истиот.

Причината за одложувањето е пандемијата на коронавирусот која никако да запре.

При тоа, организаторите се надеваат дека на почетокот на пролетта би можело да се намали пандемијата па оттука и не се исклучува можноста овој саем да се одржи во април или мај.

Претходно, во САД беа одложени саемите во Лос Аџелес, Детроит и Њујорк, како и европските, а единствени кои се одржаа периодов беа тие во Кина и Тајланд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK