Одлична продажба на Toyota во Европа – пазарниот удел достигна 6,6%

ОБЈАВЕНО НА:

Европската дивизија на Toyota, Toyota Motor Europe (TME) ги објави полугодишните продажни перформанси за првиот дел од годината. Според истите, на европскиот континентал, јапонскиот производител успеа да испорача 598.888 нови автомобили од брендовите на Toyota и Lexus.

Оваа бројка претставува пораст од 41% во споредба со минатата кризна година и 4% во однос на одличната 2019 година. Благодарение на овие бројки, зголемен е и пазарниот удел на 6,6%.

Toyota како самостоен бренд ја зголеми продажбата за 42% продавајќи 559.718 нови автомобили. Нјапродавани модели се новата генерација на Yaris со продадени 118.258 примероци, Corolla со 114.841 примерок и Rav4 со 88.963 примероци. Од вкупната бројка на продадени автомобили дури 326.420 се хибридни автомобили.

Lexus во Европа во првите шест месеци испорача 39.170 примероци, а најпродавани три модели се UX, NX и RX. Од оваа вкупна бројка, 24.333 примероци се хибридни модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK