Одбројувањето на новата ера започна – Maserati го најави новиот супер спортски автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Со тизер видео објавено на официјалниот профил на Maserati на Twiter, но и со опис “Одбројувањето на новата ера официјално започна”, италијанскиот производител го најави новиот, супер спортски модел.

Станува збор за модел кој премиерно ќе биде претставен во мај следната година, а доаѓа откако и официјално беше прекинато производството на моделите GranTurismo и GranCabrio.

Засега производителот не открива многу детали околу ова, но се претпоставува дека зад оваа најава се крие моделот Alfieri чиј концепт беше претставен пред повеќе од пет години.

Неофицијално се дознава дека овој модел доаѓа со plug-in хибриден погон, но и со високи спортски перформанси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK