Од утре два часа бесплатно паркирање во центарот на градот

ОБЈАВЕНО НА:

Оние што ги користат паркинзите во Скопје особено во центарот на градот од утре ќе имаат два часа повеќе за паркирање, а притоа нема да платат. Се работи за менување на работното време на ЈП „Градски паркинзи“.

Од утре почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“.

Работното време за зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот.

На јавна површина наменета за паркирање во зона Д, работното време останува исто или од понеделник до сабота од 7:00 до 23:00 часот.

Цените остануваат исти:
Зона А – 45 денари прв час + 45 денари секој нареден
Зона А0 – 100 денари прв час + 45 денари секој нареден
Зона Б – 35 денари секој час
Зона Ц – 25 денари секој час

Следете не и на:

24AUTO NETWORK