Од следната година ќе може да се купат акции од Rimac Automobili

ОБЈАВЕНО НА:

Надежната хрватска компанија Rimac Automobili потврди дека од следната година ќе се појави на берзата во Загреб со што ќе може слободно да се тргува со акциите на оваа компанија.

Германскиот магазин Manager Magazin наведува дека почетната вредност на компанијата ќе изнесува 5 милијарди евра, а со самото појавување на берзата, од Rimac Automobili очекуваат да остварат дополнителен приход на финансиски средства кои ќе бидат насочени кон нови инвестиции.

Германскиот магазин пишува и дека со оваа Rimac Automobili ќе го преземе Bugatti и тоа со откуп на 55% од вкупниот број на акции. Преддоговорот се очекува да биде потпишан уште во текот на ова лето.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK