Од Land Rover се фалат – тест возилата на Defender поминаа 1,2 милиони километри

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Defender премиерно ќе биде претставен на саемот за автомобили во Франкфурт кој ќе се одржи во септември годинава, а во моментов Land Rover тестира неколку примероци.

При тоа овој британски производител не пропушти, а да не се пофали дека нивните тест примероци веќе успешно поминале 1,2 милиони километри.

Од Land Rover објавија и неколку фотографии од тестирањето на маскираните тест примероци, а при тоа додадоа дека истите се тестирани на најразлични услови, од -40 до +50 степени Целзиусови.

Оваа нова генерација се темели на MLA (Modular Longitudinal Architecture) платформата која е многу поекономична во однос на претхдоните платформи развиени од страна на JLR.

Land Rover Defender

Во понудата овој модел доаѓа со две каросериски изведби и тоа Defender 90 кој е со пократко меѓуосовинско растојание и со три врати како и Defender 110 со подолго меѓуоскино растојание и 5 врати.

Во продажба се очекува да се појави во 2020 година откако претходно кон крајот на годината ќе ја има светската премиера. Цената останува непозната, но она што се зборува е дека ќе се појави и електрична верзија од овој SUV.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK