Од годинава уште потешко до пет ѕвезди на краш тестовите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Euro NCAP (Europe New Car Assessment Program) направи значителни измени во поглед на процедурите за испитување на безбедноста и сигурноста на новите возила. Ова го соопштија од организацијата која сега значително ги заострува критериумите.

Тоа значи дека добивањето на пет ѕвезди воопшто нема да биде лесно, па автопроизводителите ќе мора да се потрудат повеќе.

Отсега при испитување на безбедноста и сигурноста ќе бидат воведени нови препреки односно рампи, а ќе биде воведен страничен удар кај предното крило како и дополнителен преден удар.

Исто така ќе се испитува и компицираноста и достапноста до извлегувањето на патници од возилата при судар.

Дали оваа измена ќе придонесе за побезбедни возила или пак ќе ја покаже вистинската слика околу нивната безбедност, останува да видиме.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK