Од 1 јануари: Патарината во Унгарија поскапе за 71 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 јануари 2023 година, вињетките за користење на автопатиштата во Унгарија се зголемени, а најмногу оние за пократок период. Истите можете да ги купите на бензинските пред да влезете во Унгарија или пак онлајн на страницата на autovignet.hu

Најголемо поскапување има кај вињетите за патнички автомобили кои се во категоријата D1. Цените за пократки периоди (10-дневни, месечни) значително се зголемија во 2023 година, при што 10-дневните вињети за категоријата D1 чинат 44% повеќе од претходната година. Сега новата цена за 10 дневно користење на автопатиштата е 19,64 евра.

Ако сакате да користите вињетка за 1 месец тогаш истата сега чини 71% повеќе. За нејзе ќе треба да извоите 31,79 евра.

Зголемувањето на цената за годишните вињети е само околу 5%, па ако почесто поминувате низ Унгарија, треба да размислите да купите годишна вињета. Таа вињетка чини 175,68 евра. Во зависност од тоа во кој регион патувате можете да извадите и регионална која годишно чини 20,43 евра.

Најевтината вињетка е онаа за мотоцикли, за 10 дена, и чини 9,82 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK