Очекувано: Гон сменет од позицијата извршен директор во Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan на вонредна седница на извршниот одбор го смени Карлос Гон од функцијата извршен директор.

Причината за оваа одлука на јапоснкиот производител е скандалот поврзан со затајување на данок поради што Госн беше притворен во понеделникот. Според соопштението, Госн со помош на директорот Грег Кејли, пет години ги прикривал своите приходи со што не пријавил речиси половина од приходите во износ од 78 милиони евра.

“Одборот се сложи дека тоа е важно прашање и го потврди континуитетот во долготрајноста на партнерството со Renault” стоеше меѓудругото во официјалното соопштение на Nissan по повод одлуката за разрешување на Гон, а во насока на шпекулациите за прекин на партнерството со Renault.

Францускиот министер за правда, Бруно ле Мајр изјави дека во Париз ќе се состои со Хирошиго Секо со кого ќе разговараат за иднината на сојузот на Renault, Nissan и Mitsubishi. Причината зошто владата на Франција се вмешува во овој случај е тоа што токму Франција е сопственик на 15% од акциите во Renault. Оттука француската влада побара поставување на привремена управа во францускиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK