Обновената Mercedes E-Class пристигна во салонот на Мак Аутостар

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најважните модели на Mercedes-Benz, E-Class, доби своја update верзија, која не е само обичен facelift, туку ги доби сите оние новини, кои овозможуваат и натаму лидерска позиција во овој сегмент.

Со повеќе од 14 милиони продадени возила, почнувајќи од 1946 година, моделот E-Class е најдобро продаваниот модел на сите времиња во Mercedes-Benz. Се смета за модел кој е „срцето“ на брендот.

Во 2016 година, се појави 10-та генерација на E-Class, со мноштво технолошки иновации, како на пример, пакетот на помошни системи вклучително и полусамостојното возење, со што се најави ерата на дигитализацијата. Успешноста на овој модел може да се заклучи и од досега продадените 1,2 милиони возила.

Направените промени се веднаш воочливи кај надворешниот дизајн, со што е зголемено чувството на динамичност. Уште на почетно ниво на опременост, достапен е спортскиот пакет, Avantgarde, дизајнирана е нова предна маска со повеќе хромирани детали, потоа нови предна светла, а како стандардна опција се целосни LED светла. MULTIBEAM LED предните светла, како и ULTRA RANGE долгите светла, се достапни како опција.

Темелна промена е направена во задниот дел, каде може да се забележат сосема нови светла и изглед на багажникот.

Во внатрешноста се направени неколку промени, но најзабележителен е новиот управувач, со контроли на допир, потоа 2 големи екрани со големина од 10,25 инчи како стандард.

Достапна е најновата генерација на MBUX системот за гласовна контрола на функциите во возилото, како и ENERGIZING comfort функцијата, преку која може да се регулираат температура во возилото, музика, амбиентално осветлување, греење на седишта и програмите за масажа. Овој систем има опција да го учи начинот на живеење на возачот и според неговите потреби да му препорача опција за уживање во возилото.

Што се однесува до помошните системи за возење, кај E-Class се достапни најновите функции, како што се:

  • Active Distance Assist DISTRONIC, со регулирање на брзината при движење по рута, односно доколку системот детектира бавно движење на сообраќајот уште пред да реагира возачот, се намалува брзината на движење на околу 100 км/час како мерка на претпазливост.
  • Active Tailback Assist, при движење во колона на автопат, системот може автоматски да ја одржува брзината на движење и безбедно растојание до 60 км/час
  • Active Brake Assist со cross-traffic функција, доколку постои опасност од судир при нагло вртење, возилото автоматски застанува
  • Active Blind Spot Assist со предупредување при излез на други учесници во сообраќајот, како што се лица кои управуваат велосипеди или мопеди

Исто така, на располагање се и нови мотори.

Дизелски мотори

     
Мотор   E 220 d

 

OM 654 in-line/4

E 220 d 4MATIC

 

OM 654 in-line/4

E 400 d 4MATIC

 

OM 656 in-line/6

Зафатнина См3 1950 1950 2939
Моќност kW/кс 143/194 143/194 243/330
При број на вртежи Вртежи на мотор 3800 3800 3600-4200
Макс. вртежен момент Nm 400 400 700
при Вртежи на мотор 1600-2800 1600-2800 1200-3200
Комбинирана потрошувачка на гориво литри/100 км 4.9-4.7

(5.1-4.9)

5.4-5.1

(5.7-5.3)

[5.9-5.8]

6.4-6.1

(6.6-6.3)

[6.7-6.6]

Комбинирана CO2 емисија g/км 130-123

(135-128)

141-134

(149-140)

[156-153]

168-161

(174-166)

[177-174]

Ззабрзување 0-100 км/час секунди 7.3

(7.7)

7.5

(7.8)

[8.0]

4.9

(5.1)

[5.4]

Макс. брзина км/час 240

(235)

239

(233)

[231]

250

(250)

[250]

 

Бензински мотори

         
Мотор  

 

E 200

 

M 264 in-line/4

E 200 4MATIC

 

M 264 in-line/4

E 300

 

 

M 264 in-line 4

E 450 4MATIC

 

M 256 in-line/6

E 53 4MATIC+

 

M 256 in-line/6

Зафатнина См3 1991 1991 1991 2999 2999
Моќност kW/кс 145/197 145/197 190/258 270/367 320/435
при Вртежи на мотор 5500-6100 5500-6100 5500-6100 5500-6100 5500-6100
Електрификација ISG/RSG3 RSG RSG RSG ISG ISG
Дополнителна моќност со EQ Boost kW/кс 10/14 10/14 10/14 16/22 16/22
Макс. вртежен момент Nm 320 320 370 500 520
при Вртежи на мотор 1650-4000 1650-4000 1650-4000 1600-4000 1800-5800
Дополнителен вртежен момент со EQ Boost Nm 160 160 160 250 250
Комбинирана потрошувачка на гориво1 l/100 км 6.9-6.6

(7.3-6.9)

7.3-7.0

(7.6-7.2)

7.1-6.6

(7.3-6.9)

8.3-7.9

(8.7-8.1)

[8.6-8.5]

8.8-8.5

(9.0-8.7)

Комбинирана CO2 емисија g/км 158-151

(168-158)

168-159

(175-166)

162-151

(168-158)

189-181

(198-187)

[197-194]

200-194

(207-200)

Забрзување 0-100 км/час секунди 7.5

(7.8)

7.6

(7.9)

6.2

(6.3)

5.0

(5.2)

[5.4]

4.5

(4.6)

Макс. брзина км/час 240

231

232

(225)

250

(250)

250

(250)

[250]

2504

(2504)

 

Plug-in Hybrid

     
Мотор   E 300 e 4MATIC

 

M 274 in-line/4

E 300 de

 

OM 654 in-line/4

E 300 de 4MATIC

 

OM 654 in-line/4

Зафатнина См3 1991 1950 1950
Макс. моќност, МВС kW/кс 155/211 143/194 143/194
при Вртежи на мотор 5500 3800 3800
Макс. вртежен момент, МВС Nm 350 400 400
при Вртежи на мотор 1200-4000 1600-2800 1600-2800
Моќност, електричен мотор kW 90 90 90
Вртежен момент, електричен мотор Nm 440 440 440
Заед.моќност kW/кс 235/320 225/306 225/306
Заед. Вртежен момент Nm 700 700 700
забрзување 0-100 км/час секунди 5.8 5.9 (6.0) 5.9 (6.0)
Макс. брзина км/час 245 250 (250) 235 (230)
Просечна потрочувачка l/100 км 1.9 1.4 (1.6) 1.6 (1.7)
Просечна емисија CO2 g/км 44 38 (42) 42 (44)
Просечна потрошувачка на енергија kWчас/100 км 15.9 15.5 (16.1) 16.6 (16.6)
Електричен досег (NEDC)7 км 54 59 (55) 54 (52)
Електричен досег, WLTP8 км 46-49 50-53

(48-50)

46-49

(45-47)

 

 

Соопштение на Мак Аутостар

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK