Објавени цените за новиот Mercedes GLB

ОБЈАВЕНО НА:

Во јуни годинава Mercedes го претстави новиот модел GLB, а по речиси два месеци се појавија и цените за овој модел во Германија.

Почетната цена изнесува 37.746 евра а оваа цена се однесува на GLB 200 со 1,3 литарски бензински мотор со седум степен автоматски менувач. за 25 евра повеќе изнесува цената на GLB 180d со 2.0 литарски дизелски мотор кој доаѓа во комбинација со осум степен автоматски менувач. Разлика во споредба со претходната верзија е во моќноста. Така оваа верзија располага со 116 КС и максимална брзина од 188 км/ч.

Почетната цена на најскапата верзија изнесува 44.857 евра, а за оваа цена добивате 2.0 литарски бензински мотор со осум степен автоматски менувач и моќност од 224 КС. При тоа максималната брзина која може да ја постигне изнесува 236 км/ч, а до 100 км/ч забрзува за 6,9 секунди,

Што се однесува до самиот модел, тој се се темели на MFA2 платформата која меѓудругото ја користи и моделот GLA. Должината на GLB изнесува 4.634 мм, ширината 1.834 мм, висината 1.658 мм додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 2.829 мм. Во зависност од изведбата, капацитетот на багажниот простор варира од 560 до 1.755 литри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK