Новото тркачко Аudi од речиси пола милион долари

ОБЈАВЕНО НА:

Од Аudi го покажа тркачкото R8 LMS GT3 ЕVО II кое ќе биде достапно за клиентите во сезоната во 2022 година. Обновената верзија на суперавтомобилот што има доста подобрувања, кои обезбедуваат подобро претставување на автомобилот во споредба со претходната генерација.

Како за почеток, R8 приcтигнува со подобрена аеродинамика, а тоа се должи главно на додадениот комплет на каросеријата, а големиот спојлер на задниот дел ќе одговара за поголем притисок при поголема брзина. Суспензијата претрпе и некои измени бидејќи првпат R8 LMS GT3 смета на прилагодливи амортизери во четири фази.

Контролата на влечење исто така е подобрена, а од Audi ветуваат подобра поставка според желбите на клиентот. Погонот е обезбеден од 5.2-литарски атмосферски V10, кој генерира до 585 коњски сили во зависност од барањата на соодветниот шампионат.

Иако нема фотографии од внатрешноста се знае дека таму големата промена е направена во системот за климатизација што треба да обезбеди поголема удобност. Во Америка тркачкото R8 ќе чини околу 500.000 долари, а во Европа ќе биде достапно за околу 429.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK