Новото Punto како комбинација на Corsa и 208 – доаѓа за две години

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Punto важи за еден од најпродаваните автомобили во историјата на Fiat. Првата генерација е лансирана во 1993, а две години подоцна, во 1995 година е избран за автомобил на годината. Од тогаш па се до минатата година кога и престана производството лансирани се три генерации од овој култен модел на Fiat.

Сепак спојувањето на FCA Automobili со PSA Групацијата носи и нов живот за овој култен модел.

Сценариото за враќање на овој автомобил е познато. Ќе се темели на CMP платформата која ја користат Opel Corsa и Peugeot 208, а ќе дојде и со технологија која во моментов се применува кај овие два модели. Визуелно, претставува комбинација на моделот Argo, а присутна е и дизајнерската филозофија на PSA Групацијата.

Во производство се очекува да пристигне за две години односно во текот на 2022 година. Со овој модел, новонастанатата PSA-FCA Групација ќе го зацврсти своето присуство во сегментот на мали градски автомобили каде сега се и моделите Peugeot 208 и Opel Corsa.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK