Ново: Парфем со мирис на нов автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Велика Британија за трговија со автомобили, Аutо Trаdеr пушти во продажба парфeм со миризба на нов автомобил. Шишенце од 50мл Еаu Dе Nеw Саr чини 175 фунти (200 евра).

Информацијата за новиот парфем е сиромашна. Не се споменува дури ниту производителот.

Од Аutо Trаdеr го опишуваат како „свеж и лесен мирис, кој комбинира ноти на тенка кожа и тврд восок, кои создаваат уникатен мирис во новиот автомобил“.

Еаu Dе Nеw Саr не е единствениот продукт, создаден за да флертува со автоманијаците. Британската компанија Соsy Оwl нуди мирисни свеќи со арома на бензин и тврди дека 45% од клиентите го претпочитаат тој мирис.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK