Новиот Toyota Prius доаѓа за две години

ОБЈАВЕНО НА:

Новата петта генерација од моделот Prius на Toyota ќе биде претставена во 2023 година, пренесоа повеќе медиуми повикувајќи се на информации од страна на јапонскиот производител.

Во овој модел, како и досега, ќе биде вградена последната технологија раззвиена од страна на Toyota која се однесува на хибридот. Но она што изненади е информацијата дека овој модел ќе биде достапен во купе изведба, пренесува BestCarWeb.

Актуелната генерација датира уште од 2015 година кога беше претставена на саемот во Лос Анџелес, Новата генерација која исто така во фокусот ќе го има американскиот пазар, сега ја добива новата TNGA платформа, а неофицијално се дознава дека централно место ќе заземе 1,8 литарскиот четирицилиндрен мотор, електронскиот погон составен од литиумско-јонски батерии.

Првата генерација на овој модел беше претставена во 1997 година, а истата година влезе и во производство во Јапонија. Набрзо овој модел прераснува во вистински лидер на пазарот кога се во прашање хибридните автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK