Новиот Toyota Highlander премиерно во Њујорк

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota на саемот во Њујорк премиерно ќе ја претстави новаа, четврта генерација од најголемиот SUV во понудата, Highlander.

Моделот кој е воведен во 2000 година, а е познат и под името Kluger, доаѓа само неколку месеци по премиерата и комерцијализацијата на RAV4, а овие два модели треба да се адутите на Toyota во SUV сегментите.

Судејќи според тизер видеото објавено на интернет, дизајнот е ист како најновата генерација на RAV4, со клучна разлика во димензиите каде што Highlander има поголема должина, но и меѓуоскино растојание. Во однос на актуелната генерација, новата доаѓа со помала тежина и поефикасни погонски агрегати.

Во продажба, неофицијално, овој модел ќе се појави во четвртиот квартал годинава, а цената се очекува да биде на исто рамниште како и на актуелната генерација која е воведена уште во 2013 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK