Новиот теренец Mаsеrаti Grecale со деби на 16 ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mаsеrаti за премиера нуди помал електричен теренец кој го носи името Grecale, а најавата трае речиси една година бидејќи неколку фотографии беа распространети една по друга.

Досега беше познато дека помалиот „брат“ на Levante треба да го има своето деби до крајот на годината, но не беше познат точниот датум.

Сега ова е веќе познато и официјалната премиера на Mаsеrаti Grесаlе ќе се случи на 16 ноември на специјалниот настан во Милано во Италија. Слично на другите модели на брендот, Grесаlе исто така го носи името на ветрот.

Од Mаsеrаti имаат големи надежи за моделот, кој треба да игра важна улога за брендот. Новиот теренец ќе дели и мотори со Аlfа Rоmео Stеlviо, но за разлика од него ќе биде достапен во повеќе комбинации како бензинец, хибриден модел и со целосно електричен погон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK