Новиот Mercedes GLA доаѓа во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сите погледи се насочени кон најавениот модел GLB, сепак, оваа година германскиот производител ќе го претстави и моделот GLA кој ќе дебитира во септември оваа година. Станува збор за целосно нова генерација на овој модел кој ќе го освежи сегментот, а воедно ќе се наметне како главен конкурент на Audi Q2 и BMW X2.

Засега, освен објавениот рендер на AutoBild на кој може да се забележи дека е применета истата дизајнерска филозофија како и кај моделите претставени изминатите две години, нема подетални информации околу можниот ентериер и екстериер како и техничките карактеристики.

Внатрешноста би требало да е во најголем дел идентична како и кај новите генерации на A, B и CLA моделите, а во понудата се очекува да пристигне со истите мотори понудени кај овие модели.

И оваа, нова генерација се очекува да продолжи да се произведува во фабриките во Германија, Индија, Тајланд и Бразил, а повеќе детали, околу техничките карактеристики и почетните цени се очекуваат во текот на летниот период.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK