Новиот Land Rover Defender премиерно во септември

ОБЈАВЕНО НА:

По неколкуте тизери Land Rover излезе со официјално соопштение во кое потврдува дека новата генереација од моделот Defender премиерно ќе биде претставена на саемот за автомобили во Франкфурт кој ќе се одржи во септември годинава.

Оваа нова генерација се темели на MLA (Modular Longitudinal Architecture) платформата која е многу поекономична во однос на претхдоните платформи развиени од страна на JLR.

Во понудата овој модел доаѓа со две каросериски изведби и тоа Defender 90 кој е со пократко меѓуосовинско растојание и со три врати како и Defender 110 со подолго меѓуоскино растојание и 5 врати.

Од претходно објавениот тизер, може да се забележи дека внатрешноста е далеку различна од актуелните екстериери кај моделите од моменталната понуда. Ова всушност е најава за новата генерација на кокпит кој ќе заземе место и во останатите модели. За разлика од повеќето модели најавени за наредниот период, овој доаѓа со релативно помал мултимедијален екран кој е централно поставен.

Во продажба се очекува да се појави во 2020 година, а по подолго време овој модел ќе биде понуден и на американскиот пазар. Цената останува непозната и истата се очекува да биде откриена по премиерата на саемот во Франкфурт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK