Новиот електромобил на Renault ќе вози и до 400 километри (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пазарот на електромобили расте со секој нов ден, а тој не може да биде настрана од вниманието на францускиот бренд, кој е еден од првите негови учесници. Електромобилот Renault Zoe според резултатите за првите два месеци од годината е втор по популарност во Европа, независно од доста „угледната“ возраст (на пазар е од 2012 година) поради одговарачка автоконструкција и атрактивна цена.

Сепак, тоа не е доволно за францускиот производител, кој сака да влезе и во погорната класа на електромобили и се подготвува за понуда во вид на повисок електромобил. Се предвидува таа машина да излезе на пазарот на почетокот на 2022 година.

Во моментов во компанијата се зафатени со барањето на решение за проблемот за поевтинување на трговијата со батерии бидејќи поголемиот и потежок автомобил има потреба и од поголеми и помоќни батерии, кои ќе ја обезбедат потребната конкурентска километража. Ова е причината зошто само скапите модели на Tesla и Jaguar нудат модели со доволно километража со едно полнење.

Новиот електромобил за Французите ќе треба да ја нуди истата километража од околу 400 километри со едно полнење, а надворешноста сигурно ќе произлегува од онаа на концептот Renault Symbioz, прикажан на широката јавност пред 2017 година.

Главното достоинство на новиот електромобил, според Французите ќе биде големото внатрешно пространство во однос на компактното купе.

Тоа ќе се постигне со умно распределување на агрегатите во него како што се поставување на батерија и електричниот мотор надвор од патничкиот простор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK