Новиот Citroen C5 фатен на тестирање (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави видео на кое е прикажана новата генерација на Citroen C5.

Овој модел во европската понуда на Citroen беше во понудата се до 2017 година, а во Кина се уште се продава со значително изменет дизајн кој вклучува и повисок клиренс и поголемо меѓуоскино растојание.

Од видеото не може да утврди екстериерниот изглед, но се очекува на овој модел да биде применета дизајнерската филозофија која е искористена и кај моделот C4.

Неофицијално се дознава дека премиерата на овој модел ќе се случи во мај годинава, а во производство ќе се појави уште во септември. Цените и останатите технички карактеристики остануваат непознати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK