Новиот Audi ABT RS4-S со 530 КС и специјален аеродинамичен пакет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Специјалистот во областа за тјунирање на производите од портфолиотот на Audi- ABT Sportsline, го претстави новиот проект на темата Audi RS4 под формата на специјалната нова верзија ABT RS4-S.

ABT RS4-S се одликува со специјално развиен аеродинамичен пакет, како и со зголемени максимална моќност и максимален вртежен момент. Компактниот спортист е во состојба да му понуди на возачот моќност од 510 коњски сили и вртежен момент од 660 Нм, што е со соодвени 60 коњски сили и 60 Нм подобар резултат во споредба со почетната позиција.

Новата творба на ABT ветува можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди.

Ако меѓу сопствениците на автомобилот има други такви, кои бараат уште посериозно искуство на патот, тогаш од ABT Sportsline нудат уште едно ниво на доработка, кое гарантира зголемување на максималната моќност до 530 и на максималниот вртежен момент до 680 Нм. При желба од страна на клиентот, од тјунинг компанијата нудат и зголемување на максималната брзина на движење до 300 км/ч.

Освен дополнителните аеродинамични елементи, од ABT Sportsline предвиделе и можност за монтирање на челичен спортски издувен систем со четири карбон врвови, 21-инчни бандажи, нова суспенција, како и целосно прилагодување на ентериерот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK