Нови цени на горивата: Бензинот поскапува – дизелот поевтинува

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите максимални цени по кои неделава ќе се продаваат горивата во Македонија. Бензинот поскапува за 0,5 односно 1 денар, а дизлеот поевтинува за 0,5 денари.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 31,00 ден/лит.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK