Нови рендери од првиот кабриолет на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla во моментов активно работи на развој на нови возила, па покрај камионетот кој веќе неколку години активно се најавува, планиран е и кабрио модел.

За разлика од камионетот, за кабриолетот нема воопшто официјални информации па тоа остава простор за бројни шпекулации, особено поврзани со евентуалниот изглед.

Токму поради тоа на интернет се појавуват бројни рендери, а последниот се чини е најпривлечен од сите. Визуелно, предниот дел е инспириран од моделот 3, на чија платформа и ќе се темели овој нов модел. Задниот дел е целосно нов и далеку со посериозен дизајн.

Tesla Model 3 kabriolet

Како целосно електричен кабриолет, овој модел практично нема да има конкуренција на било кој пазар, па поради тоа, но и поради одличните перформанси, аналитичарите предвидуваат голем успех на овој модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK