Нoви прoблeми зa VW: Се најавува ли Дизeлгeјт 2?

ОБЈАВЕНО НА:

Големиот скандал, кој сериозно го засегна концернот Vоlkswаgеn, целосно ја преобрази компанијата од Германија. Со оглед на тоа што Германците се плашат од големи казни поради системот со кој лажат за нивото на емисијата на штетни материи, кои се исфрлани од дизел автомобилите.

Покрај тоа тие целосно го сменија концептот за сите брендови и сериозно се зафатија да го исчистат името вложувајќи во електромобили. Истовремено со тоа Германците требаше да преобратат дел од „валканите“ дизели и тие да влезат во новите еконорми.

Друг голем дел од автомобилите веќе се откажани. Сега, едно решение на судот во Дизелдорф е на пат да прерасне во втор дел од скандалот Дизелгејт. Станува збор за тоа што судиите стигнале до заклучок дека „оправањето“ на „валканите“ дизели е направено со нов софтвер кој мами.

Според судот ефективното намалување на емисиите на штетни гасови на тие автомобили е возможно само при надворешни температури во распон од 10 до 32 степени. Во други услови емисиите на штети гаосви значително ги надминуваат нормите кои се предвидени со законот. Медиумите во Германија очекуваат нови барања до концернот, како од властите така и од одговорните органи за екологија, но и од двапати излажаните клиенти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK