Новата Toyota Tacoma доаѓа на саемот во Чикаго

ОБЈАВЕНО НА:

Во официјално соопштение, јапонскиот производител Toyota објави дека на саемот за автомобили во Чикаго ќе го претстави редизајнираниот модел Tacoma.

Во прилог на соопштението Toyota објави и тизер фотографија на која не може да се види многу од екстериерот на пик-ап моделот, но не се очекуваат некои поголеми надоврешни и внатрешни измени.

Toyota Tacoma 2018 година ја заврши како најпродаван пик-ап на американскиот пазар со што конечно успеа да го одземе приматот на Ford Ranger и Jeep Gladiator во соодветната класа. Така Tacoma изминатата година беше продаден во 245.659 примероци е најпродаваниот автомобил на Toyota во САД, а генерално и најпродаван модел.

Овој потег на Toyota е неопходен иако актуелната генереција е претставна кон крајот на 2016 година. Целта е да се задржи конкурентската предност во однос на Ford Ranger и Jeep Gladiator кои изминатата година ја имаа својата премиера.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK