Новата Opel Insignia доаѓа во 2023 година – ова е можниот изглед

ОБЈАВЕНО НА:

Се повеќе се пишува за новата генерација на Opel Insignia, на која германскиот производител во моментов работи.

Она за што уште минатата година се пишување добива и на потврда. Новата генерација доаѓа во 2023 година, а премиерата на продукцискиот модел треба да се случи во текот на следната.

Шпанскиот сајт motor.es објави и рендер од можниот изглед кој не драстично различен од оној кој е претставен од страна на AutoBild во 2019 година. Истиот ја следи дизајнерската филозофија употребена кај новата Mokka.

Инаку овој модел Opel за прв пат го воведе во 2008 година. При тоа првата генерација во понудата беше се до 2017 година кога беше заменета со втората генерација. Покрај во Европа, овој модел е достапен и во Австралија и Нов Зеланд под брендот Holden и САД и Кина под брендот Buick.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK