Новата Kia Electric со дизајн спротивен од сегашниот на брендот

ОБЈАВЕНО НА:

Прес-службата на Kia го прошири имиџот на новиот концепт, со кој ќе се претстави на саемот во Женева на почетокот на идниот месец. Едноставно наречен Electric, прототипот заинтригира со футуристички дизајн, кој има малку допирни точки со актуелниот стил на брендот.

Концептот е изработен во европскиот дизајнерски центар на Kia во Франкфурт. Од компанијата го сметаат за „олицетворение на потрагата кон развој на возбудливиот свет на електрична мобилност“.

Засега единствената фотографија на Kia Electric покажува естравагантен преден дел со LED лента, која има рамки на предните фарови, како и осветлен амблем. Широките браници упаѓаат во очи исто како и минијатурните видео камери место странични ретровизори во форма на антени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK