Новата Honda Jazz доаѓа уште оваа година

ОБЈАВЕНО НА:

Во мај годинава автомагазинот Motor1 на својот интернет сајт објави неколку фотографии од тестирањето на новата генерација на Honda Jazz. По неколку месеци целосна мистерија, конечно се појавија првите информации поврзани со овој модел.

Последните информации кажуваат дека премиерата на овој автомобил ќе се случи уште оваа година и тоа во октомври на саемот за автомобили во Токио.

Истовремено британскиот маагазин Auto Express објави неофицијален рендер од овој модел, кој сега изгледа поголемо, но и со поголем клиренс.

Honda Jazz

Четвртата генерација во продажба во Јапонија ќе се појави веднаш по премерата, а на почетокот на следната година се очекува да биде достапен и на останатите пазари.

Овој модел зазема значајно место во понудата на Honda. Првата генереација е воведена во 2001 година. Седум години подоцна е воведена и втората генерација, доддека актуеланта генерација е претставена во 2014 година. Овој глобален модел е познат и под името Fit кој се користи во Јапонија, Кина и Америка.

 

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK