Новата Dacia Duster доаѓа во 2024 – вака би можела да изгледа

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најпознатите и најпродавани модели на Dacia е СУВ возилото Duster. Во продажба е втората генерација која е веќе пета години на пазарот. Се очекува за три години да се појави новиот модел, па уште од сега се претпоставува во кој правец ќе се движи дизајнот на СУВ моделот.

Според француските медиуми, премиерата на третата генерација се очекува во 2024 година. години. Сепак, пред да се случи тоа, сегашниот Duster ќе биде надграден.

Редизајнираниот модел треба да биде претставен во текот на летото, а ќе се најде во продажба наесен. Кога станува збор за освежување не треба да се очекуваат спектакуларни промени. Изгледот на светлосните групи, решетката на ладилникот и браникот најверојатно ќе се променат.

Исто така, тешко е да се очекуваат големи интервенции под хаубата. Автоматскиот менувач може да се врати, поврзан со мотор 1.3 TCe.

Новата генерација на Duster, онаа што треба да ја видиме во 2024 година, најверојатно ќе се заснова на механичката платформа CMF-B, на која се базираат новите Sandero и Logan.

Изгледот на овој автомобил засега е непознат, но францускиот Caradisiac веќе ја објави првата визуелизација, имајќи ги предвид стилските детали на концептниот теренец Dacia Bigster. Што се однесува до погонските системи, дизелот најверојатно сепак ќе биде во понуда, а се очекува и првиот Duster со хибриден погон E-Tech.

Се разбира, сите овие се само претпоставки. Засега чекаме прво да го видиме освежениот модел, па потоа да се продолжи со шпекулациите за третата генерација на Duster.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK