Новата BMW серија 4 купе премиерно на 2 јуни (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на купе изведбата на BMW серија 4 ќе ја види светлината на деното. Германскиот производител ја потврди премиерата која ќе се одвива во живо на 2 јуни на bmwgroup.com. „Ненадејно“ се појавија и фотографиите на изгледот на возилото, и тоа на брошурите кои се подготвуваат за промоцијата.

Овој модел изминатите месеци се тестираше на неколку локации во Шведска, Германија и Франција, па не само што е подготвен за премиера, туку и за продажба.

Новата генерација е за 577 мм пониска додека клиренсот му е за 21 мм пониско. Сето тоа овозможува одличен коефициент на воздушен отпор кој сега е намален за 0,015.

Покрај одличната аеродинамичност она што е карактеристично за новата генерација е значителната индивидуалност споредбено со останатите модели од понудата на BMW. Секако, тука е и напредната технологија која има за задача да го зголеми задоволството зад управувачот.

За брзинските перформанси задолжен е шестоцилиндричниот мотор со максимални 374 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK