Новата BMW серија 1 пристигнува на есен – ова е можниот изглед

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од минатата година беше познато дека BMW работи на новата серија 1. Сега, по само неколку месеци германскиот прозиводител потврди дека подновената серија 1 ќе дојде на пазарот оваа есен. Како што може да се види од рендерот објавен од страна на motor1, новата серија 1 е всушност рестилизован во однос на актуелната генерација, нешто што беше за очекување.

Овој модел сепак добива нова платформа, а тоа е платформата FAAR кој модифицирана ја користат и моделите X1, X2 и 2 Active Tourer. Со ова овој автомобил добива погон на предните тркала.

Во однос на моторите ќе бидат понудени и бензински и дизелски. Основниот бензински агрегат доаѓа со трубо полнач кој ја има под ознаката 116i и располага со 109 КС. Најсилниот бензински мотор М140i го покренува 6 цилиндричен реден турбо мотор кој развива 340 КС.

Основната дизелска понуда на мотори 116d од трицилиндри нуди 116 КС, а најсилната опција (125d) развива 224 КС. Моделот 118d, 120d и M140i може да се добијат и со погон на двете оски (xDrive), а во зависност од избранио модел од серија 1, може да се добие и 6-степен рачен или автоматски менувач со 8 брзини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK