Нова тизер фотографија за новиот Nissan Juke

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 3 септември, јапонскиот производител Nissan објави нова тизер фотографија од новата генерација на моделот Juke. Од фотографијата и не може да се открие нешто ново па оттука Nissan сеуште ги држи во неизвесност љубителите на овој модел.

Од претходно е познато дека втората генерација на овој модел ќе се базира на CMF-B платформата која во моментов ја користи петтата генерација на Renault Clio. Токму оваа платформа поддржува електрификација, а Алијансата покрај за моделот Clio, ја подготвува и за Juke кој на пазарот ќе дојде како директен конкурент на Hyundai Kona.

Juke за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд (Велика Британија) и Пурвакарта (Индонезија).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK