Нова стратегија на Ford: Kuga станува поголема, Edge ја напушта Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Ford ја објави SUV стратегијата за “Стариот континент” со која ќе се обиде да заземе што е можно поголемо пазарно учество во соодветниот сегмент, пренесуваат американските медиуми.

Американскиот производител објави дека најголемиот SUV во понудата, Edge, ќе ја напушти Европа, а на негово место ќе дојде зголемениот модел на Kuga кој сега ќе има две седишта дополнително во задниот дел.

Причината за ова е слабата продажба на Edge. Така досега, Ford успеа да продаде дури 153,542 автомобили од моделот Kuga, 111,856 од моделот EcoSports, но само 9,527 од моделот Edge. Изминатата календарска година продажбата на Edge се намали за дури 41%, а ова е главната причина зошто Ford ќе го повлекува овој модел од понудата.

Изведбата на Kuga која ќе добие поголемо меѓуоскино растојание, седум седишта, а со тоа и поголеми димензии се очекува да се појави на пазарот во Европа во следната година, а останува нејасно дали производството ќе се одвива во фабриката на Ford во Романија каде се изведува на EcoSports.

Инаку во Европа, Ford ќе лансира уште еден мал SUV. Станува збор за моделот Bronco кој оваа година дебитира во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK