Нова буква: J-Pace доаѓа во понудата на Jaguar

ОБЈАВЕНО НА:

По I-Pace, E-Pace и F-Pace, понудата на Jaguar наскоро ќе се збогати и за J-Pace кој ќе биде најголемиот SUV во понудата на британскиот производител.

J-Pace ќе се базира на MLA платформата која се користи кај новиот Range Rover, а која поддржува и електрификација. Оттука во понудата се очекува и plug-in хибридна изведба во комбинација со шестцилиндричен бензински мотор.

Овој модел ќе се позиционира на F-Pace па оттука и димензионално ќе биде поголем. Должината ќе изнесува околу 490 цм, а минималниот капацитет на багажниот простор околу 620 литри.

Точниот датум на лансирање е непознат, но се очекува да влезе во сериско производство во текот на 2021 година откако претходно, во 2020 година ќе биде и премиерно претставен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK