Нов тренд: Измиј го сам возилото за 10 минути за 130 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш беше ритуал заедно со родителот да го миеш возилото, да го гланцаш со „еленска кожа“, со млаз од цревото да ја чистиш калта под тркалата. Сега брзиот начин на живот тоа не го дозволува. Да не се губи многу време. Идеално е самите да го измиете возилото, и се тоа можете да го направите за 6-8 минути. Сте го пробале ли тоа на некоја од бројните пералници со самоуслужување?

Чистотата е половина здравје, а чист автомобил значи и подолго користење. Возење во чист автомобил е и попријатно користење на превозното средство, а и од безбедносни аспекти чист автомобил значи: чиста шофершајбна – подобра видливост, чиста регистрација треба да се има според закон, убав мирис во кабината…

Некогаш беше ритуал заедно со родителот да го миеш возилото, да го гланцаш со „еленска кожа“, со млаз од цревото да ја чистиш калта под тркалата….. Времињата се сменија, па дојдоа на ред пералните каде додека други го мијат и дотеруваат, ти си пиеш кафе. Ама побарувачката стана голема, па се чека и по 1 час па и повеќе дури вашето возило дојде на ред. И повторно можете да најдете маана како е исчистено.

Сега низ градот се повеќе ќе најдете на перални со смопослужување! Самите си ја миете колата, и од вас зависи како тоа ќе го сторите. Доволни ви се десетина минути време и околу 120-130 денари.
Се е автоматизирано и во зависност од местото каде ќе решите да го миете автомобилот ќе ви требаат „основни 100 денари“ за пиење на надворешноста и плус уште 20-30 денари за ја исчистите внатрешноста. Ем ќе заштедите нешто, ама ќе се почуствувате корисен и самите ќе научите како да јо чистите возилото. И вие и вашите деца.

Мерак е самиот да си го измиеш автомобилот

Во Скопје веќе постојат околу 15-тина вакви автоматизирани перални со самопослужување кои работат 24 часа. Самите ставате пари или жетони во апаратот, го земате цревото кое има вода под притисок и за неколку минути ќе го видите автомобилот светнат.

Дали е доволно 360 секунди за миење?
Како функцинираат ваквите перални? Си купувате жетони или едноставно ставате пари во апаратот. Добивате секунди за чие времетраење во „пиштолот со вода“ имате доволно притисок да го измиете возилото. Имате неколку програми, кои можете да ги менувате, да користите шампион, прашок, да ги испирате… И за еден основен период ќе потрошите околу 45 литри вода.

Самите си купувате жетон, го ставате во автоматот, ја избирате програмата и почнувате со миење

„ Ова е тренд што во последно време е се поприсутен кај нас. Самите решавате кога ќе го миете автомобилот, колку време, само надворешно миење или и внатрешно, полирање на гуми, мирис во внатрешноста. Луѓето сакаат да се грешат за хигиената на сопственото возило, а ваквиот начин им дава слобода, ни раскажува Кристијан Глигоров, еден од сопствениците на ваква перална со самопослужување.

„Можеби изгледа како невозможно, но со два жетони (360 секунди – 6 минути) можете убаво да го измиете возилото. Од вас зависи колку ќе се задржите, но секако и од тоа колку е валкан автомобилот. Но, со два жетони се се завршува. Потоа уште неколку минути ви требаат да го соберете она што го има во кабината, а една минута користење на правосмукалка е 10 денари. Со 30 денари можете добро да ја исчистите кабината, ни објаснува Кристијан.

Можете да ја освежите внатрешноста (се препорачува тоа да с еправи на подот) или да ја искористите правосмукалката

Во Европа функционира одамна, во соседството е хит

„Со години наназад во странство кога сме патувале самите сме ги переле возилата, и затоа сметавме дека тоа ќе биде интересно и за нас. Добро е што можете да дојдете кога сакате во текот на денот. Кога се враќате навечер од пат, од одмор, кога возилото ненадејно ви се извалкало, или на предниот дел имате залепено „милиони муви и бубачки“. Нема правило мажи, жени, тинејџери – сите сакаат чист автомобил. И сите доаѓаат. Веќе се навикнати на ваквиот начин на миење возила.

Иако постои објаснување и упатство како се користи пералната секогаш има луѓе што не читаат, па наместо жетони ставаат наши монети, странски. Но, сите се едуцираат…

„Преку ден секогаш имаме лице кое им помага на луѓето, ги едуцира, им објаснува. Се разбира има некои кои иако не знаат како ова функционира и првпат се тука, ги читаат упаствата. Ама, навистина малку се такви. Повеќето се срамат да прашат, но откако ќе добијат насоки, веќе им се полесно и многу почесто го користат ваквиот начин на миење возила, вели Глигоров.

Во зависност од денот, секако може да има и малку гужва, но секогаш има слободен бокс каде може да се влезе во автомобилот и да се измие.
Водата што се користи е деминерализирана, а отпадната вода се собира во резервораи и се прочистува пред да биде пуштена како отпадна.

И жените самите си ги мијат автомобилите
Додека разговараме со Кристијан, како на лента се менуваа возила, доаѓаа млади, сами, со девојките, татковци со деца, мајки со деца, но и жени.

И жените знаат дека времето е пари, а сега за кратко самите можат да ги исчистат возилото

„Можеби сметате дека жените не знаат како се мие возило, но морам да ви кажам дека има се повеќе жени кои самите на овој начин ги мијат возилата. Брзо, едноставно и секако поевтино. Брзиот начин на живот не дозволува да чекате по еден час или повеќе. Со редовно користење, брзо ќе го измиете автомобилот, вели Кристијан.

Сите занеме дека после бањање треба да се избришеме, ама кај пералните тоа не е така. Доколку пералната користи деминерализирана вода како оваа на нашиот соговорник, тогаш нема потреба од бришење бидејќи водата не остава никакви траги или дамки.

„Луѓето се навикнати на тоа, се обидуваме да им објасниме. Откако ќе се измие колата однадвор нема потреба потоа да се брише. Водата што е користи не остава никакви траги или дамки. Но, ете тоа останало како навика, вели Глигоров.

Сепак се останува на вас. Можете после миењето да ги искоростите правосмукалките или пак да ги исполирате тркалата, или да ја освежите внатрешност. За комплетно задоволство на чист автомобил.

Искористете го убавото време да го измиете возилото, да не чекате редови. Чуството е подобро кога самите ќе го сторите тоа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK