Нов рендер за новата 308 на Peugeot

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот сајт за автомобилизам Колеса, го објави последниот во низата рендери за можниот изглед на новата генерација на Peugeot 308.

Овој модел е последниот во понудата на францускиот производител кој не беше обновен во последните 2-3 години, па најавите за такво нешто, но и најавите дека ќе дојде како конкурент на VW VIII, предизвикува зголемен интерес.

На рендерите може да се забележи дека третата генерација во целост ќе ја следи актуелната дизајнерска филозофија, но со драстично модифицирана предна маска, во споредба со останатите модели во понудата.

Во продажба новата генерација треба да се појави во првиот квартал следната година, а кон крајот на следната година и целосната електрична верзија. Засега е потврдено дека во понудата ќе дојде со по еден бензински и дизелски мотор и две хибридни верзии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK