Фото: МВР

Нов рекорд на МВР: Фатени 52 лица во Скопје без возачка

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (6 октомври) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 391 санкција.

Нов рекорд е што меѓу оние санкционираните имало и 52 лица кои управувале возило без возачка дозвола, а за пречекорување на дозволената брзина на движење биле изречени 87 прекршоци. Казната за управување возило без возачка е 300 евра.

Технички неисправни и нерегистрирани возила имало 74, а биле санкционирани и 7 мотоциклисти.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK