Нов пад на акциите на Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Акциите на Ferrari повторно забележаа пад откако компанијата не успеа да ги подобри своите финансиски перформанси во првата половина од годинава.

Добивката пред исплата на камата и амортизација т.е. EBIT показателот покажа пораст од 8,7% во вториот квартал годинава. Сепак и покрај позитивниот пораст, аналитичарите се разочарани бидејќи очекуваа далеку подобри резултати.

Сето ова предизвика пад на акциите на миланската берза чија вредност во еден момент падна и за 6,9% за потоа падот да се намали на 4,0%.

На почетокот на годинава Ferrari предвиде дека годинава ќе ја заврша со добивка помеѓу 1.2 до 1.25 милијарди евра додека предвидува и пораст на приходите од продажба за 3%. Останува уште пет месеци за италијанскиот производител ги исполни овие свои очекувања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK