Нов обид за заживување на Citroen C4

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година Citroen го претстави рестајлингот на моделот C4 Cactus, но судејќи според продажбата на овој, но и класичниот модел, очекувањата на францускиот производител не се исполнети.

Токму поради тоа PSA Групацијата не тактизира и веќе активно работи на новиот модел кој премиерно се очекува да биде претставен следната година.

На интернет веќе се појави и првата фотографија од изгледот на овој модел. Иако нема официјална потврда, овој модел, барем според формата и одредени екстериерни дизајнерски елементи, е инспириран од актуелната генерација на C4 Cactus. Секако тука е и технолошката еволуција која во голема мера е овозможена од продолжената CMP (Common Modular Platform) платформата.

Во овој модел, Citroen гледа како на конкурент на новиот Golf, но и во нов модел кој треба да ја врати славата на популарната C4-ка претставена во 2004 година.

Премиерата најверојатно ќе се случи во октомври следната година во рамките на саемот за автомобили во Париз, а до тогаш останува Citroen да брифира дополнителни и официјални информации за овој модел.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK