Nissan со 100.000 евра за реставрација на Нотр Дам

ОБЈАВЕНО НА:

Пожарот кој ја зафати познатата катедрала Нотр Дам изминатата недела предизвика големо внимание. Во низата бројни познати француски и светски бизнисмени и компании кои понудија помош се вкучува и јапонскиот производител кој понуди 100 илјади евра за реставрација на катедралата.

Со овој потег Nissan се приклучи на бројни индивидуи и компании кои успеаа да соберат нешто повеќе од една милијарда долари за повторно реставрирање на ова катедрала стара 850 години.

Некои медиуми пак смеетаат дека овој потег има за цел да ги врати во нормална односно подобри односите помеѓу Nissan и француската Влада кои беа значително влошени по скандалот поврзан со некогаш првиот човек на Renault и Nissan, Карлос Гон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK