Nissan продолжува со електрификацијата – најавен уште еден EV модел

ОБЈАВЕНО НА:

Во сенка на американските и германските производители, Nissan продолжува да работи на планот за електрификација кој го објави уште во 2019 година.

По неколкуте нови модели и објавени концепти, јапонскиот производител најави уште еден мал електричен кросовер. Во таа насока AutoExpress објави неколку фотографии од веројатниот изглед на овој кросовер.

Се рботи за кросовер со големина како Juke кој во електричната понуда на Nissan ќе се позиционира под моделот Ariya. Оттука истиот се базира на скратената CMF-EV плтформа.

Се очекува во понудата да дојде со погон на предните, но и на сите четири тркала. Со едно полнење на 63 kWh батерија, според британскиот магазин, ќе може да помине околу 400 км. Точниот датум на премиера не е познат, но истата со сигурност ќе се случи уште оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK