Nissan објави тизер за Pathfinder – премиерата на 4 февруари

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan продолжува со претставувањето на новитетите. По бројните минатата година, сега за 4 февруари ја закажа премиерата на петата генерација на моделот Pathfinder.

Во таа насока објави и тизер, на кој и не може да се види многу во однос на дизајнот.

Треба да се очекува драстично различен дизајн во поглед на четвртата генерација која датира уште од 2013 година. Тоа значи дека треба да има бројни екстериерни и ентериерни сличност со моделите Qashqai, Juke, Rogue, Armada.

Инаку покрај овој модел, на 4 февруари, Nissan ќе го претстави и новиот Frontier. Главни пазари на двата модели остануваат Северноамериканскиот и Азискиот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK