Nissan ќе банкротира за 2 до 3 години!

ОБЈАВЕНО НА:

Карлос Гон, поранешниот прв човек на Renault-Nissan Алијансата кој пред еден месец успеа да избега од Јапонија иако беше во куќен притвор, даде неочекувана изјава во однос на иднината на јапонскиот производител.

Тој за новинар на Ројтерс изјави дека јапонскиот производител ќе банкротира за две до три години.

“Карлос Гон ми рече дека Nissan ќе банкротира за две до три години” изјави новинарот на Ројтерс кој додаде дека Гон одбивал да открие дополнителни детали.

Апсењето на Гон од страна на јапонските власти како и неговата смена од управувачкиот одбор на призводителот значително ги заострија односите на релација Renault-Nissan, а дополнително, негативно влијаеше и помошта која Гон ја добиваше од францускиот производител.

Дали ќе се случи крајот на оваа Алијанса останува да видиме годинава која по многу работи е клучна како за Renault така и за Nissan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK