Nissаn го распродаде GT-R Nismо зa 2022 гoдинa

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Nissаn го престави обновениот GT-R Nismо во април, кога уште тогаш од брендот објавија дека серијата ќе биде произведена во бројка од 300 примероци.

Близу четири месеци подоцна Јапонците објавија дека серијата е распродаена и веќе не е достапна за нарачки.

Под хаубата на Nismо може да се најде идентичен 3.8-литарски шестак со 592 коњски сили и максимален вртежен момент од 652 њутн метри.

Иако карактеристиките на моделот не се поразлични од оние на другите Nismo модели, од компанијата откриваат дека, сепак, моторот е засилен фабрички, што од своја страна е добра новина за фановите на доработките.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK