Ништо од новиот Nissan Juke годинава

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на оваа година беше најавено дека новаа генерација на Nissan Juke ќе дојде во текот на годината. Сепак, последните информации говорат дека овој модел ќе се појави на почетокот на следната година.

Од претходно е познато дека втората генерација на овој модел ќе се базира на CMF-B платформата која во моментов ја користи петтата генерација на Renault Clio. Токму оваа платформа поддржува електрификација, а Алијансата покрај за моделот Clio, ја подготвува и за Juke кој на пазарот ќе дојде како директен конкурент на Hyundai Kona.

Новиот Juke ќе се произведува во европската фабрика во Сандерленд каде минатата година прослави јубилеј од 1 милион произведени Juke автомобили. Цените на основната и електричната изведба остануваат непознати.

Инаку Juke за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд (Велика Британија) и Пурвакарта (Индонезија).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK