Nikola го победи Tesla!

ОБЈАВЕНО НА:

Nikola е американска старт-ап компанија која развија, дизајнира и произведува електрични камиони.

Оваа компанија практично е конкурент на Tesla во погледот на производството на електрични камиони. Всушност и двете компании најавија борба во овој сегмент, па оттука и претставија неколку концепт камиони и иновации.

Поради спор околу странични врати на кабината од камионот, Tesla го тужеше Nikola пред Агенцијата за заштита на патенти и интелектуална сопственост. По неколку месечниот спор и можност за искажување на фактите, телото на оваа Агенција ја прогласи за неоснована тужбата на Tesla за заштита на ова иновација.

Камионот на Tesla веќе имаше и тестирања на Алјаска

Тоа значи дека Nikola ќе може да продолжни со комерцијализацијата на камионите со овие иновативни врати. Останува да видиме дали Маск и неговата Tesla ќе ја обжалат оваа одлука.

И секако очекуваме на терен да видиме кој ќе има подобар производ. А тоа ќе го кажат купувачите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK