Никој не ги сака: Овие автомобили фаќаат најмногу прашина во салоните

ОБЈАВЕНО НА:

Откако возилото ќе излезе од производната лента понекогаш минуваат часови додека стигне до купувачот, а некогаш денови и недели додела истото пронајде свој сопственик. Салоните се место каде возилата се изложуваат, но не ретко некои од моделите се изложени со неделео додека се продадат.

Американскиот весник USA Today направи иостражување за состојбата на американскито пазар и за автомобилите што собираат прашина со месеци , така што има и такви кои се прогласени за застарени модели уште додека се во салоните. Меѓу најмалку популарните се најдоа лимузини , но има и миниволумен возила.

На американскиот , како и на европскиот пазар најдобро се продаваат кросовери и СУВ. Според истражувањето на американскиот пазар , ова се 10- те модели автомобили , кои најдолго се задржале во салоните.

На 10 место е моделот Audi A7 Sportback со просечни 143,6 денови стоење во салоните. На 9 место е е Fiat 500L со 146, 2 дена стоење во салоните додека се продаде.

8 место е Jaguar XJ со 146,3 дена.
7 место е Chevrolet Impala со просек од 147,7
6 место е Mercedes-Benz E класа со 156,1 дена ,
5 место е Chrysler 200 со 157,6 дена
4 место е Fiat 500 е со поминати 160, 3 дена во салони.

На трето место е шведскиот Volvo од серијата 60 со 177,9 дена. Станува збор за модел што беше понуден во смената на генерации на шведскиот производител . Сепак , продажбата од 12 000 возила минатата година од овој модел и не е толку лоша.

Втор е VW Touareg од минатата генерација со просечно поминати 194,1 дена во салоните. Германците минатата година продадоа само 2 000 возила од овој модел во САД . Затоа сега ги напаѓаат со најновите СУВ.

На прво место , како возило кое најдолго фаќало прашина во американските салони е Mitsubishi Lancer од 2017 со 195,1 дена . Јапонската лимузина не помина добро во САД , каде пратката од 3 351 возила од моделот од 2017 се продаваше повеќе од шест месеци. Моделот веќе не се нуди во САД , а компанијата на Американбците им нуди исклучиво џипови и СУВ во сите големини.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK