Никнуваат како печурки – уште еден нов бренд на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси и да нема ден, а некаде ширум светот да не се појави нов производител или бренд на електрични возила. Најголем дел од нив се појавуваат во Кина, а последен во низа е брендот Hengchi.

Станува збор за бренд кој е дел од Evergrande Group, а кој е формиран минатата година. Сепак сега се специјализира како производител кој ќе произведува исклучиво електрични возила.

Најави експанзија од дури шест електрични возила кои ќе конкурираат во повеќе сегменти, најпрво во Кина, а потоа и надвор од оваа земја. Од следната година започнува со реализацијата на нова стратегија за уште 13 нови модели за што ќе бидат инвестирани дополнителни 5 милијарди американски долари.

Првите модели во сериско производство влегуваат следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK